Без разлика на продолжувањето на распустот, ЈСП од утре ќе вози по вообичаен зимски ред

И покрај тоа што Министерството за образование и наука го продолжи зимскиот распуст поради енормното загадување, ЈСП информираше дека од утре автобусите ќе се обраќаат по вообичаен зимски возен ред.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека од утре, понеделник (21.01.2019 година), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по вообичаен зимски возен ред, независно од продолжувањето на училишниот зимски распуст, поради кој во изминативе три недели возниот ред беше редуциран“, велат од ЈСП.

Извор: ТВ21