Македонија

Без струја дел од Гази Баба и Карпош – прекин на водоснабдувањето ќе имаат неколку улици во Гази Баба и Центар

 Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Гази Баба и Карпош. Поради технички зафати пак во дистрибутивната водоводната мрежа, без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Гази Баба.

Во период од 08:30 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Радован Ковачевиќ“ и „Методија Андонов Ченто“ 3, 5 и 7 во Гази Баба. Од 09:00 до 13:00 часот прекин на електричната енергија ќе имаат дел од корисниците на улица „Франце Прешерн“ во Карпош.

Поради уличен дефект на водоводна мрежа ф 6/4 “ на улицата „Петар Поп Арсов“ број 40, утре во 08:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и дел од корисниците од улиците „Костурски Херои“, „Борка Талески“, „Петар Поп Арсов“, „9 Мај“, „Христо Смирненски“, „Роза Луксембург“ и дел од улица „Васил Стефановски“ во Центар.

Поради замена на водоводен затворач ф-150мм на улица „Перо Наков“, од 09:00 часот прекинато водснабдување ќе имаат корисниците од улица „Перо Наков“ на потег на улицата „Киро Глигоров“ до Кванташки пазар во Гази Баба.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни