Бибер за Отворен Балкан: Соработката е добра, но мора сите да бидат вклучени

Професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, во интервју за Н1 по повод иницијативата Отворен Балкан истакна дека идејата за регионална соработка не е лоша, но дека има проблеми бидејќи не се вклучени сите земји од Западен Балкан.

„Идејата за регионална соработка не е лоша, секаков вид соработка е добредојдена, но има проблеми, бидејќи не се сите вклучени, а без целиот Западен Балкан соработката е проблематична“, изјави Бибер.

Тој оценува дека друг проблем е и прашањето за намерите на лидерите кои ја формираа, особено (албанскиот премиер Еди) Рама и (српскиот претседател Александар) Вучиќ, рече Бибер, додавајќи дека проблемот е што не е јасно кој ќе доминира и зошто има нова рамка ако веќе постоеле рамки за соработка.

„Берлинскиот процес имаше своја предност бидејќи ги вклучи членките на ЕУ и тоа е многу важно, додаде тој. Како што наведе, има сомнежи дека нивните мотиви навистина се регионалната соработка и добрососедските односи. – Гледаме преку нивните постапки дека ги креваат тензиите во регионот, во таа смисла не можам да верувам дека се за добра соработка. А намерите се повеќе пропаганда, да се продаде на Запад – добри сме, ние сме партнери и со тоа одвраќање од клучните проблеми – недостигот на демократија и владеење на правото“, рече Бибер.

Тој потсети дека преговорите со Албанија и Северна Македонија се блокирани од некои земји од ЕУ, додека Србија не е блокирана поради билатерален спор. – Причина зошто Србија е побавна во тој процес е резултат на внатрешната политика на актуелната власт, вели Бибер.

За тоа дека на состанокот на тројцата лидери преку видео линк ќе им се придружи и европскиот комесар за проширување, Бибер рече дека Оливер Вархеји нема целосна поддршка во ЕУ бидејќи е „јасно дека главно ја застапува политиката на Виктор Орбан кон Западен Балкан, а таа не е идентична со политиката на ЕУ“. – Тој ја фаворизира Србија на Вучиќ, не можеме да имаме целосна доверба во неговата мотивација. Се чини дека тој повеќе зборува во интерес на неговата родна земја. – Мора да има јасна порака дека Отворениот Балкан има смисла само ако целиот Западен Балкан е таму, рече Бибер.

Зборувајќи за европскиот пат на Западен Балкан, Бибер со став: Очигледно е дека овој пат нема да заврши со скорешно членство во ЕУ, никој не зборува за 2025 година, тој пат ќе трае, зависи од ситуацијата во регионот и во ЕУ. Има неколку начини – исполни ги условите и ќе бидете член, Унгарија вели биди наш партнер и постапувај како нас и ние ќе се заложиме за членство. Другите земји нема да дозволат такво членство. Сите земји мора да се согласат за членство. – И за Германија и за Франција е предизвик да ја реформираат ЕУ и да примат нови членки, рече Бибер во интервјуто за вестите на Н1. 

Поврзани вести

Премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација во официјална посета на Бугарија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска заминува за Софија каде ќе ја предводи владината делегација во дводневна официјална посета на Република Бугарија во чии рамки е предвидено и...

Има 51 година и тело како девојка: Ова е вежба за совршена форма во која се колне Меланија Трамп!

Меланија Трамп, за време на поголемиот дел од претседателствувањето на нејзиниот сопруг, остана една од најприватните први дами на САД. Секогаш беше таква, речиси не пушташе некој во многу зафатениот живот на...

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Благо намалување на нивото на реките, водостојот на природните езера ист како вчера

 Водостоите кај дел од реките во земјава се над просекот за јануари, но бележат благо намалување во споредба со вчера. За разлика од нив, резултатите од последните мерења направени од Управата за...

Најважното

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на...

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија.

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал...

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните...