Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денеска ја напушти болницата во Вашингтон, каде што беше примен порано денеска со симптоми на треска, изјави неговиот заменик шеф на кабинет Анхел Урења.
Тој рече дека Клинтон боледува од грип, но дека Божиќ ќе го помине дома со семејството, пренесува АП.
Урења додаде дека семејството Клинтон им се заблагодари на персоналот на Универзитетската болница Медстар Џорџтаун и му посака на американскиот народ среќен Божиќ.
Клинтон претходно денеска беше примена во болница поради треска, а претходно беше хоспитализиран во 2021 година во Јужна Калифорнија поради инфекција која му влезе во крвотокот, но беше пуштен по шест дена, потсети ТВ мрежата ЦБС.