Била калуѓерка 5 години, а потоа донела важна одлука – денес е мажена и има 6 деца

Една корисничка на „Тикток“ ја сподели својата животна приказна, откривајќи дека напуштањето на животот во манастир била најдобрата одлука за неа.

Имено, по напуштањето на повикот како калуѓерка, таа се вери и се омажи, а сето тоа се случи во рок од една година.

Денес, таа е среќно мажена и има шест деца.

@carriechuff

Answer to @avax305

♬ original sound – Carrie

„Го запознав мојот партнер, се верив, а потоа се омажив, и сето тоа во рок од една година по напуштањето на манастирот. Кога знаеш, знаеш! Многу луѓе мислат дека побрзав да се омажам и навистина не ги обвинувам, но за среќа се покажа толку совршено“, посочи таа.

Нејзиното видео на оваа социјална мрежа предизвика големо внимание на корисниците и лавина коментари.

„Ти си толку слатка. Среќен сум за тебе“ – гласи еден од многуте коментари.

Имаше и такви кои споделија слични искуства.

„Се запознав со мојот партнер, се верив и се венчав во рок од еден месец. Во брак сме пет години“, напиша една жена.