Била мажена за легенда, имала се, а потоа ѓаволот дошол по своето: Мислев дека сум демон и дека го издадов Христос!

Мишел Хунцикер, првата сопруга на Ерос Рамацоти, еднаш паднала во канџите на секта, за која неодамна за прв пат подетално проговорила. Навистина е тешко да се поверува во она што таа го кажа…

Не е тајна дека од сите жени со кои пејачот излегуваше, тој најмногу ја сакаше, но ниту големата љубов не можеше да го спаси нивниот брак во кој се вовлече неславниот култ.

Имено, Мишел кога била млада паднала во канџите на сектата „Воини на светлината“, а за сето она низ што поминала проговорила дури неодамна кога открила повеќе детали.

Приказната звучи некохерентно:

„Исус Христос имал сестра која се заљубила во римски војник, го предала својот брат и отишла со војникот во Рим, но Римјаните не сакале ниту да слушнат за неа, па таа живеела во сиромаштија и беда. Тоа беше казна за предавство. Таа сестра бев јас. Верував дека тоа е во минатиот живот и дека таа вина ја носам на моите гради“, изјави Ханчикер.

Таа во интервју за германски „Штерн“ рекла и дека ја убедиле дека во минатиот живот била сопруга на СС маж и дека не ги спречувала неговите злосторства. Таа со години е веган, верувајќи дека дури и пицата се прави од „демонски“ состојки.

Таа со години немала сексуални односи, а четири години не комуницирала со мајка си и пријателите.

Членовите на сектата и го уништиле бракот со Рамацоти и и зеле многу пари.

Инаку, кога имала само дваесет години, Мишел имала се – таа била позната манекенка, запознала познат музичар, со него добила ќерка, а потоа се венчале.

Меѓутоа, честата разделба поради неговата музичка кариера си го направила своето, а кога косата почнала да ѝ опаѓа поради стрес, нашла терапевт кој првично и бил пријател.

Во тоа време, Мишел сè уште не била свесна дека се работи за сектата – „Воините на светлината“, чие верување се заснова на минатите животи и повикувањето на мртвите.

Таа ми кажа дека морам да се одвојам од луѓето кои не ме сакаат и кои ќе ми наштетат“, изјавила Мишел.

Сектата и кажала дека Рамацоти некогаш бил римски војник кој ја турнал во сиромаштија и дека е неопходно да се одвои од него. Кога музичарот сфатил што се случува, и поставил ултиматум на сопругата – или тој или сектата. Ханцикер тогаш се одлучила за секта, па следел развод.

Таа долго време давала се што имала на сектата и верувала дека без нив ќе загине.

„Таа се чувствуваше осамено и ранливо, а тие го искористија сето тоа. Ова траеше до 2006 година, кога Мишел конечно ја напушти сектата, се врати во нормален живот и почна да го живее животот во потполност“.