Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, за време на неговата официјална посета на Тирана, се сретнаа со премиерот на Албанија, Еди Рама.
На овој пријателски состанок беше разговарано за актуелната политичка ситуација и улогата на албанската држава која придонесува за мирот и стабилноста во регионот.
Тема на дискусија беа и уставните промени во Македонија и а важните процеси што ја чекаат земјата, со членство во НАТО и ЕУ. Касами информираше за неговиот придонес во Движењето Беса како опозициска партија за време на целиот овој процес.
