Бислимоски: Енергетска криза е, ќе има покачување на цената на електричната енергија

Очигледно е дека ќе има покачување на цената на електричната енергија, минатата недела трите компании испратија барања. Сите компании ќе треба да излезат од својата конфорна зона, ќе треба да дадат дополнителни напори за да се преживее оваа година, вели вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика во Студио 10.

– Постои незадоволство кај компаниите, но во кризна година сите треба да го понесеме товарот. За РКЕ се неприфатливи драстични ценовни шокови, затоа што ќе имаме проблеми со наплатата. Во време на криза треба сите да сме солидарни, да се подготвиме за една тешка година. Се уште немаме конкретна проценка колку ќе се покачи цената на струјата. Министерот рече дека ќе е под 10%, други велат 70% – во непријатна ситуација сме затоа што многумина кажуваат за цената, а РКЕ ќе ја понесе на крај одговорноста. ЕСМ годинава понуди 41 евро за мегават час, претходно беше 36,1 евро. ЕСМ презема обврска се да направи за да избегне увоз на електрична енергиј,  вели Бислимоски.

Тој вели дека нема да има комфорна зона бидејќи е енергетска криза.

– Нема веќе комфорна зона – енергетска криза е. Дел од профитите ќе ги намалиме на енергетските компании, се разгледува опцијата од 25 милиони евра што се откупува за обновливи извори да се тргне. Овие количини ќе си бидат на слободен пазар, по пазарна цена. Ќе се растеретат граѓаните, ќе се помогне на домашниот пазар. Овие обновливи извори ќе се заменат со количини со енергија евтина од ЕСМ за 41 евро, вели Бислимоски.

Поврзани вести

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда...

718 нови случаи на ковид-19 – пријавени се 22 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.044 тестови, а регистрирани се 718 нови случаи на КОВИД-19:

Ковачевски пристигна во Софија – пречекан со највисоки државни почести

Премиерот Димитар Ковачевски, кој ја предводи владината делегација во официјалната посета на Бугарија, попладнево со највисоки државни почести беше пречекан на плоштадот „Александар Невски“ во Софија. Ковачевски и владината...

Генчовска и Османи разговараа за актуелната состојба на политичкиот дијалог

Министрите за надворешни работи, Теодора Генчовска и Бујар Османи, се сретнаа денес во Софија, 24 јануари, непосредно пред почетокот на Втората заедничка седница меѓу владите на Република Бугарија и на Република Северна...

Најважното

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

718 нови случаи на ковид-19 – пријавени се 22 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.044...

Ковачевски пристигна во Софија – пречекан со највисоки државни почести

Премиерот Димитар Ковачевски, кој ја предводи владината делегација во официјалната посета на Бугарија, попладнево со највисоки државни почести беше пречекан на плоштадот...

Генчовска и Османи разговараа за актуелната состојба на политичкиот дијалог

Министрите за надворешни работи, Теодора Генчовска и Бујар Османи, се сретнаа денес во Софија, 24 јануари, непосредно пред почетокот на Втората заедничка...

Горивата поскапуваат по два денара за литар

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни...