Бислимоски: Секретаријатот на Енергетска заедница треба да даде зелено светло за државна помош

Најбитниот филтер во однос на државната помош согласно домашното и европското законодавство ќе го направи Секретаријатот за енергетската заедница. Било која европска земја кога дава државна помош тоа го одобрува Европската комисија, но ние затоа што не сме членка на Еу сме потписник на Договорот за основање на Секретаријатот за енергетска заедница што е тело на Еу надлежно за енергетика – од таму ќе се изјаснат за државната помош во делот на инвестициите за енергетиката. Треба да сме релаксирана затоа што меѓународна институција ќе се изјасни и тоа мислење ќе биде задолжително за нас со што ќе се тргнат сите дилеми” посочи Бислимоски претседател на РКЕ во интервју за тв Сител.

Во собранието имаме четири договори за стратешки инвестции од вкупно 850 mw за електрична и 100 mw за топлинска со што заедно со досегашните инвестиции коинсе направени од приватниот сектор од 600mw од обновливи извори Македонија за помалку од една деценија ќе го удвострочи производство што е практично јакнење на енергетската независност – оцени Бислимоски.

“Во време на енергетската криза не спасуваше ТЕЦ Неготино и блокови во РЕК Битола што се стари 40 години и струја даваше ТеТо по насока од Влада за пониски цени- нас неопходни ни се нови инвестиции за да ја обезбедиме енергетската независност. Со стратешките проекти на краток рок ефикасно ќе се реализираат проектите” изјави Бислимоски.

Во однос на цената за топлинска енергија појасни дека во еден од анексите на договорите јасно стои дека цената за топлинска ќе е пресметана согласно методологијата на РКЕ.

“Цената на топланите во Скопје е 5,2 денари а на овие когенеративни постројки 2,5 денари – и тоа ќе се рефлектира во пониски сметки.” истакна Бислимоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното