Битиќи: Плаќаме најевтина струја, од јануари и енергетски додаток за најранливите фамилии

Лична одговорност за енергетската криза наскоро ќе има, но тоа не е клучно. Оваа состојба е последица на нешто што триесет години не сме сакале да го решаваме и овие четири години почнавме да работиме на нивно решавање, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето на ТВ24. Тој кажа дека власта изминатиов период инвестирала во обновливи избори на енергија, целосна либерализација на пазарот и реструктуирање на производството.

-Енергетската криза е глобален феномен и цела Европа се справува со ваков предизвик. Секогаш се земала струја од Европа и тоа е редовна појава, што ја потврди и претседателот на Европската енергетска заедница. Сепак во одреден момент ние имавме помало производство од она што сме можеле да го имаме, односно опортунитетен трошок. Требало поголемо производство на енергија ако имало количини на јаглен и за тоа ќе има лична одговорност, кажа Битиќи.

Тој додаде дека граѓаните на Република Северна Македонија во моментов ја плаќаат наејвтината електрична енергија, за 36 евра по мегават, иако берзанската цена е 250 евра.

-Тоа е благодарение на одлуката на Владата дека таа е цената што треба да се плати споредбено со животниот стандард. Ние исто така го намаливме од 18% ДДВ-то на 5%, а од први јануари ќе имаме и пакети за ранливите категории во форма на енергетски додаток, кажа Битиќи.

Прашан за поскапувањето на производите, вицепремиерот Битиќи порача дека било кој обид за картелско здружување и обид за фиксирање на цените, Владата нема да го дозволи, иако постојат такви гласини.

Поврзани вести

Битиќи вели дека ќе се најде човек што ќе го замени Заев

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во вечерашното гостување во емисијата „24 анализа“ рече дека „покажал оти целиот живот се бори да покаже дека е време да не зборуваме за Албанци, Македонци,...

Битиќи: Заев ќе го остави последниот атом од својата енергија за граѓаните

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во вечерашното гостување во емисијата „24 анализа“ рече дека „покажал оти целиот живот се бори да покаже дека е време да не зборуваме за Албанци, Македонци,...

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...