Свет

Блинкен: Кина се обидува да стане доминантна земја во светот

Блинкен: Кина се обидува да стане доминантна земја во светот

Мислам дека Кина се обидува да стане доминантна земја во светот. Ова го соопшти американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесе FOX News.

Американскиот претставник ги повика сите да бидат внимателни со изјавите на кинеските лидери.

Тој мисли дека се обидуваат да го вратат местото за кое сметаат дека со право е нивно.

„Кинеската држава се обидува да стане доминантна во светот. Ова е големата идеја на Кси Џинпинг“, објави Блинекн.

Тој објасни дека се бара промена на меѓународниот поредок. Некои американски аналитичари имаат поинакво мислење.

Тие веруваат дека Кина повеќе се обидува да го намали американското влијание во Азија, наместо да бара глобална улога. Американската администрација продолжува да ја гледа земјата како главен противник.

Сепак, Владата прави обиди да го подобри дијалогот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни