Свет

Близнаци (4) пронајдени мртви во кутија за играчки на Флорида, мајката вели дека се задушиле

Близнаци (4) пронајдени мртви во кутија за играчки на Флорида, мајката вели дека се задушиле

БЛИЗНАЦИ на возраст од 4 години биле пронајдени мртви во кутија за играчки во семејниот дом во Џексонвил, Флорида. Нивната мајка Сејди Мајерс на Фејсбук напишала дека близначките Аурора и Келан на 25 август се разбудиле среде ноќ за да си играат, а потоа заспале во кутијата, пренесува NBC.

„За време на спиењето, една од нив сигурно се мрднала или удрила во кутијата и тоа предизвикало затворање на капакот на оваа стара кутија од кедрово дрво“, напиша Мајерс на Фејсбук. „Полека им снема кислород за неколку часа и умреа“, додаде таа.

Мајерс рече дека следното утро таа, нејзиниот сопруг и нивните две најстари деца сфатиле дека близнаците не се во нивните кревети и тогаш нивниот постар брат ги нашол во кутија.

Знаев дека нешто не е во ред, но исто така брзо сфатив дека е предоцна“, напиша Мајерс. „За мене нема смисла и никогаш нема… Се надевам дека ова знаење помага на некој начин и се надевам дека веднаш ќе уништите ваква кутија доколку ја имате дома“, додаде таа. „Секогаш внимавав децата да не се заклучат внатре, но за жал кутијата е херметички затворена и да не е заклучена“, опишала неутешната мајка.

Поручник од шерифот во Џексонвил изјави дека децата биле во несвест кога полицијата и ЕМС пристигнале на местото на настанот, и покрај обидите за CPR, тие биле прогласени за мртви.

„Во овој момент не знаеме дали ова е несреќа или злосторство“, изјави поручникот за NBC.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни