Новиот министер за транспорт и врски Благоја Бочварски, денеска на прес-конференција најави доизградба на автопатот Охрид – Кичево, како и изградба и реконструкција на неколку патни правци.
„Продолжуваме интензивно на автопатот Охрид – Кичево, е приоритет на владата кој забрзано ќе биде реализиран“, рече Бочварски.
Министерот за транспорт најави и целосна реконструкција на патниот правец Струга – Ќафасан, постапка за проширување на автопатот Тетово – Гостивар. Истовремено се врши проектирање на изградба на нов автопат Кичево – Гостивар, со што ќе се создаде модерна врска во западниот регион. Бочварски најави изградба на автопатот од Скопје до Блаце.
Во однос на дивоградбите, министерот Бочварски истакна дека не е дозволена узурпација на простоерот за лични интереси и најави дека таквата пракса повеќе нема да се толерира.
„Јавниот простор ќе може да се користи само на начин прошишан со закон. Новиот закон за легализација на дивоградбите предвидува поголеми пенали, плаќање за 50% повисока цена за комуналии за дивоградба, што треба да ги одврати граѓаните да градат дивоградби. Ќе анимираме и мотивираме инспектори за борба со дивоградбите, а ќе направиме и сериозни законски измени со сериозни казни – рече министерот.
.
