Свет
21,836,794
Вкупно активни случаи
Updated on 05/03/2021 17:42 17:42
Македонија
8,659
Вкупно активни случаи
Updated on 05/03/2021 17:42 17:42
Македонија
3,176
Вкупно починати
Updated on 05/03/2021 17:42 17:42
Македонија
94,275
Вкупно оздравени
Updated on 05/03/2021 17:42 17:42

Бог се јави! – денес е Богојавление, Водици

Во библиска Палестина, на денот 19 јануари, на денот Богојавление (кога Бог се јави), Божјиот Син влегол во Јордановите води.

Свети Јован Крстител го крштевал. Во спомен на крштевањето на Господ Исус Христос и објавувањето на Светата Троица, се прославува големиот Господов празник Богојавление.

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“.

Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.

И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.

Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан н ? просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

НАШ ПРЕДЛОГ

Пукање во Скопје, убиени две млади момчиња

На 05.03.2021 во 02.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско - Косовска бригада“ се слушнало пукање.

Имунизацијата на населението ќе почне месецов

До крајот на годината, производителот „Фајзер“ во земјава ќе испорача 800.280 дози вакцини против Ковид- 19. Според надлежните, првите...

ССНМ и ЗНМ со целосна поддршка на својата членка Арбнора Мемети

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро реагираат на начинот на кој без...
Skopje
clear sky
12 ° C
12 °
12 °
35 %
2.6kmh
0 %
Fri
12 °
Sat
9 °
Sun
10 °
Mon
13 °
Tue
8 °