Македонија

Богоев преку Твитер по објавата на ТВ21: Патот до болницата „Козле“ ќе биде реконструиран

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев вчера по емитувањето на прилогот на ТВ21 за патот до болницата „Козле“кој е уништен преку Твитер информира дека патот во следниот период ќе биде реконструиран.

„Ќе биде реконструирана со Договорот за меѓуопштинска соработка со ЈП Улици и патишта. За жал, излегоа одредени проблеми во тех.административниот дел и затоа доцни санацијата“, напиша на Твитер, градоначалникот на Општина Карпош.

Веќе неколку години патот кој води до детската болница „Козле“ е уништен, со искршена калдрма и дупки. Од општина Карпош пред четири месеци за ТВ21 изјавија дека зимските климатски услови не дозволуваат санација на улицата, но ветија дека до јуни патот ќе биде асфалтиран. Но патот и по четири месеци е во иста состојба.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни