Поранешниот пратеник од СДСМ Павле Богоевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека овој народ не заслужува да биде криена вистината.
„Единствен од сите тие, не навлегувам во размислувањата на другите пратеници можеби сите останати коишто гласале „За“ искрено верувале во помирувањето, ама јас сум единствен којшто излегол и тоа го кажал јавно. Овој народ веќе не заслужува вистината да биде криена од него, вистината за текот на преговарање пред 2016 година знаеме нешто од тие преговарачки процеси?, а вие не обвинувате сега за истото“, посочи Богоевски.
.
