Свет

Боинг мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртвата од авионската несреќа

Боинг мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртвата од авионската несреќа

Поротата во федералниот суд во Чикаго во среда му наложи на „Боинг“ да исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на работник во Обединетите нации за животна средина, кој загина во несреќата на „Боинг 737 МАКС“ во Етиопија во 2019 година.

Пресудата изречена на семејството на Шика Гарг е првата во низата тужби поднесени по таа несреќа и уште една во Индонезија во 2018 година, во која загинаа вкупно 346 лица.

Според договорот меѓу страните постигнат синоќа, семејството на Гарга ќе добие 35,85 милиони долари – целиот износ на пресудата плус 26 проценти камата – а Боинг нема да поднесе жалба, според адвокатите на семејството.

Шанин Спектер и Елизабет Крофорд, кои го претставуваа семејството, во соопштението изјавија дека пресудата „обезбедува јавна одговорност за незаконското однесување на Боинг“.

Гарг имала 32 години кога авионот на летот 302 на „Етиопијан ерлајнс“ од Адис Абеба, Етиопија, до Најроби, Кенија, се урна само неколку минути по полетувањето, изјавија нејзините адвокати.

Во тужбата се тврди дека авионот „Боинг 737 МАКС“ бил неправилно дизајниран и дека „Боинг“ не ги предупредил патниците и јавноста за неговите опасности.

Авионот на „Етиопијан ерлајнс“ се урна пет месеци откако авионот на „Лајон ер“ на летот 610 се урна во Јаванското Море во Индонезија. Неисправен систем за автоматска контрола на летот придонел за обете несреќи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни