Поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов вели дека Македонија видела само добри работи од Бугарија.
„Оние што ги пречекорија своите права во Скопје, дали полицајци или луѓе од агитаторите, треба да има правда. Потпишавме Договор за добрососедство со РСМ, и дадовме можност на Албанија и на РСМ да бидат дел од Европската Унија. Не разбирам зошто нашите соседи си го дозволуваат тоа, бидејќи од Бугарија видоа само добри работи“, изјави во Шумен лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов.
Неговиот говор е за случајот во Скопје, во кој беа претепани Бугари, навивачи на фудбалскиот тим „Левски“, а еден беше прободен со нож во стомакот
Борисов беше категоричен дека очекува реформи во судството и уставни промени во земјата.
Мислам дека ќе се случи и уставното мнозинство, бидејќи партиите во парламентот се активни учесници во овој процес“, објасни тој.