Балкан

Бојко Борисов побара пратениците да дадат зелено светло за Македонија и Албанија во ЕУ

Бојко Борисов побара пратениците да дадат зелено светло за Македонија и Албанија во ЕУ

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов побара од пратениците на ГЕРБ да им дадат зелено светло на северна Македонија и Албанија за членство во ЕУ.

„Премиерот и владејачкото мнозинство носат и тешки и непопуларни одлуки. Во моментов Западот, НАТО и Европа сакаат проширување на Балканот“, рече Борисов.

Тој рече дека ги прочитал текстовите на нацрт-одлуката на Советот на ЕУ и преговарачката рамка за северна Македонија и Албанија.

Сведоци сме на кукавички премиер, изјави на брифинг лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов.

„Текстот ги вклучува сите стравови и вознемирености и она што ја засега Бугарија“, рече Борисов.

„Им верувам и на претседателот Макрон и на Европската комисија. Досега се што се случи добро во Бугарија е благодарение на ЕУ“, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни