Основното училиште „Бајрам Шабани“ кое денеска го посети министерот за образование и наука, Арбр Адеми му се придружи на штрајкот најавен пред неколку дена од Синдикатот за образование. Во oва училиште наставниците ги задржаа учениците само неколку минути и потоа ги пуштија да одат дома, иако министерот се уште беше тука.
Причината за штрајкот се најниски плати во регионот во основното и средното образование. Наставниците во основните училишта во Косово примаат плата од 470 евра, во Албанија исто толку, а во Северна Македонија 350 евра. Наставниците во средните училишта во Косово добиваат плата од 549 евра, во Албанија 508, додека во РСМ 365 евра.
Ова го потврди и претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков кој вели дека освен Косово и Албанија, нашата земја во споредба со другите земји од регионот е со најниски плати.
Министерот за образование и наука, Арбр Адеми не се согласува со фактот дека нашите наставници се со најниски плати во регионот.
Од Алтернатива на Африм Гаши кои се дел од владата, велат дека наставниците имаат право на штрајк и потврдија дека истите заслужуваат повисоки плати. Од Движење Беса велат дека образованието ни оди во пропаст. Тие сметаат дека платите на наставниците се под достоинството на професијата. Од таму велат дека не станува збор за нови проблеми, со истите предизвици образованието се соочува со години. За штрајкот на наставниците, реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ но и од Алијанса за Албанците од каде го поддржаа штрајкот и дадоа препорака за покачување на платите.