Поврзи се

Македонија

Боки 13: „Мојата состојба е животнозагрожувачка, а во оваа постапка треба да сум жив, а не мртов“

Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во Апелација го образложуваше барањето за укунувањето на мерката притвор. Тој истакна дека неговата состојба е загрижувачка, дека му се потребни терапии во хигиенски услови, и дека во оваа постапка треба да биде жив, за да ја докаже, како што рече тој, неговата невиност.

„Мојата состојба навистина е животнозагрожувачка. И затворскиот персонал има желба да ми помогне, но не може поради условите во затворот.

Соодветен лекарски третман во изминатите 81 ден немам добиено, затоа што покрај овие две неуспешни две операции имам и органски проблем, кој што е животнозагрожувачки. Двете неуспешни операции кои ги направив по сопствена волја, но се случија и по лекарска грешка. Како што ми рекоа од таму, нерв од желудникот ми е пресечен, и затоа јас ја враќам храната.

Последните испитувања покажаа дека имам проблем и со белите дробови, и имам четири дијагнози утврдени кои се однесуваат за кичмата. Доколку сметате дека е потребно, целата лекарска документација се наоѓа во затворот и може да ја побарате.

Јас во оваа постапка треба да бидам жив, а не мртов. Бество не е во мојот ментален склоп, ниту во моето семејство. Јас не би се дал во бегство. И кога бев лишен од слобода, на 15 јули, имав уплатен 7-дневен годишен одмор во Грција, со повратна авионска карта заедно со свои пријатели.

Живеам за докажување на вистината, за докажување на мојата невиност, свесно ви кажувам дека останувам тука, со факти и докази да учествувам во фер кривично-парна постапка.

Го замолувам судечкиот совет, поради тоа што во писменото мислење од страна на проф. Д-р Спировски, мене ми е неопходно строго хигиенско лекување, и го молам да ги уважи овие зборови“, рече Јовановски.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com