Болест на модерното општество, во Македонија има 120 илјади лица со дијабетес

Чичко Теодор штотуку го измери нивото шеќер во крвта, а резултатот е 4,4. Како што вели тој, дека има дијабетес дознал пред 14 години. Иако има 72 години, вели дека редовно прави спортски активности. Лековите не се единствениот третман за болеста, вели чичко Теодор.

Митра Јовановска исто така има дијабетес. Како што вели голем проблем е тоа што не може лесно да ги најде апчињата што ги пие за намалување на нивото на шеќерот во крвта.

Во Македонија според истражувањата од 2017 година, 120 илјади лица имаат дијабетес.  Од нив, 40 илјади се на инсилинска терапија. Според претседателот на Националната комисија за дијабетес, Ирфан Ахмети, во Македонија 90 отсто од дијабетичарите имаат дијабет тип 2. Проблемот е во фактот што половина од вкупниот број пациенти не знаат дека имаат зголемено ниво на шеќер во крвта. Поради тоа доктор Ахмети препорачува редовни лекарски контроли.

„Половина од пациентите не знаат дека имаат дијабетес. За жал, со одредување на дијагнозата, дијабетесот се карактеризира со хронични компликации во крвните садови. 50% од пациентите со дијабет тип 2 имаат макроваскуларни компликации. Затоа, како што рече и професорката, прегледите се многу важни“, изјави д-р Ирфан Ахмети од Национална комисија за дијабетес.

Докторката Саша Јовановска Мишевска, директорка на Клиниката за Ендокринологија, вели дека кај државите во развој, како што е нашата земја, шансите за оваа болест се зголемени за 150%.

Истражувањата велат дека бројот на лица со дијабетес е во постојан пораст.  Во светот има околу 425 милиони лица кои страдаат од оваа болест, која се нарекува и болест на модерното општество. Во Македонија има и 500 деца под 14 години кои се на инсулинска терапија. Министерство за здравство воведе три нови типови на Инсулин, кои се најнова генерација на лекови. Еден од нив е наменет за децата, а станува збор за Тресибата. За спречување на оваа болест, лекарите препорачуваат консумирање здрава храна, редовни оброци, одржување на нормална телесна тежина, редовни физички активности и редовно мерење на гликемија во крвта.

Репортер: Алмедина Исмајли

 

Извор: ТВ21