Свет

Бомбардер Б-52 на Воздухопловните сили на САД се урна во Воздухопловната база Едвардс во Калифорнија, соопштија од базата

Бомбардер Б-52 на Воздухопловните сили на САД се урна во Воздухопловната база Едвардс во Калифорнија, соопштија од базата

Воен авион се урна во воена база северно од Лос Анџелес во понеделникот наутро, соопштија од Воздухопловната база Едвардс преку социјалните мрежи.

„Бомбардер Б-52 Стратофортрес на Воздухопловните сили на САД се урна кратко по полетувањето од аеродромот во базата Едвардс во 11:20 часот“, објавија од базата на Фејсбук.

„Екипите за итни интервенции веднаш реагираа на местото на несреќата и ситуацијата сѐ уште е во тек“, се додава во соопштението.

Засега не е познато дали има повредени лица. Американската телевизиска мрежа CNN соопшти дека побарала дополнителни информации од надлежните во базата.

Воздухопловната база Едвардс се наоѓа на околу 160 километри северно од Лос Анџелес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни