Свет

Бомбашкиот напад во Пакистан: Бројот на загинати продолжува да расте

Бомбашкиот напад во Пакистан: Бројот на загинати продолжува да расте

Бројот на жртвите во нападот во Пешавар достигна 61 лице. Една од големите џамии во пакистанскиот град во понеделникот беше потресена од силна експлозија за време на молитвата. Над 150 луѓе се повредени.

Засега никој не ја презеде одговорноста за тоа што се случи, но се верува дека зад нападот стојат пакистанските талибанци.

Според властите, главна цел на напаѓачите биле полицајци кои во тој момент биле во храмот. Џамијата е во област полна со полициски, разузнавачки и антитерористички штаб.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни