Како и со првиот круг санкции наметнати во средата, кога рускиот претседател Владимир Путин се подготвуваше за напад, новиот пакет ќе биде координиран со партнерите и сојузниците од ЕУ, рече таа. „Овие санкции имаат за цел да им нанесат тежок удар на интересите на Кремљ и нивната способност да ја финансираат војната. Фон дер Лајен рече дека руските сили „ја нападнале Украина“, прекршувајќи го прагот што Западот го предупреди дека ќе воведе остри санкции. Според неа, Русија не била насочена само против Украина. „Целта е стабилност во Европа и целиот меѓународен мировен поредок. И за тоа ќе бараме одговорност од претседателот Путин“, порача таа. Борел рече: „Ова е еден од најтемните часови за Европа од крајот на Втората светска војна“. Тој додаде дека нападот на Русија – „голема нуклеарна сила“ – против нејзиниот прозападен сосед „не е само најголемото кршење на меѓународното право, туку и кршење на основните принципи на човечкиот соживот“. Борел рече и дека „на денешниот самит ќе биде постигнат договор и ќе бидат дадени политички насоки за усвојување на најсилниот пакет – најстрогиот пакет санкции што некогаш сме го примениле“. Тој додаде дека ЕУ подготвува итна помош за Украина и ги поддржува операциите за евакуација од земјата, „вклучувајќи ги и нашите вработени во областите погодени од овој руски напад“. И Борел и фон дер Лајен истакнаа дека Европската унија е на страната на народот на Украина.These are among the darkest hours of Europe since the Second World War. The EU will respond in the strongest possible terms and agree on the harshest package of sanctions we have ever implemented. President Putin needs to stop this senseless aggression. We stand with Ukraine. pic.twitter.com/mmDtfUOHvk
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) February 24, 2022
Борел и фон дер Лајен: Еден од најтемните часови во Европа од крајот на Втората светска војна
„Ова е еден од најтемните часови за Европа од крајот на Втората светска војна“, рече шефот за надворешна политика на блокот, Жозеп Борел.
„Русија се соочува со „невидена изолација“ поради нејзиниот напад врз Украина и ќе биде погодена од „најстрогите санкции што ЕУ некогаш ги воведе“, додаде тој.
Тој вели дека ова не е прашање на блоковите.
„Тоа не е прашање на дипломатски игри на превласт. Тоа е прашање на живот и смрт. Тоа е прашање на иднината на нашата глобална заедница“, рече тој во изјавата.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која беше со него, рече дека новите санкции против Русија, подготвени за вонреден самит подоцна денеска, „ќе ја ослабат економската база на Русија и нејзиниот капацитет за модернизација“.
Таа рече дека „големите“ санкции „ќе ги таргетираат стратешките сектори на руската економија, блокирајќи го пристапот до клучните технологии и пазари, замрзнувајќи ги руските средства во ЕУ и блокирајќи го пристапот на руските банки до европскиот финансиски пазар“.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни