Борисов: Граѓаните сакаат да имаат редовна Влада – „За европска Бугарија потреба е стабилна Влада“, рече Главчев

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов по гласањето на денешните седми по ред избори во последните три години во Бугарија изјави дека на граѓаните им е потребна Влада.

„Луѓето сакаат да има Влада, сакаат да има стабилност. Ние не само што кажавме што направивме, не само што кажавме што ќе направиме туку и како ќе го направиме тоа. Програмата е поделена насекаде. Сега останува само граѓаните да излезат и да гласаат“, изјави Бојко Борисов.

Се вчитува...

Актуелниот технички премиер Димитар Главчев изјави дека е потребна стабилна Влада за стабилна Бугарија.

„За европска стабилна Бугарија потребно е стабилна Влада. Неколку пати сум изјавувал дека до кога е потребно, оваа техничка Влада ќе служи, но се надевам на редовна Влада“, изјави Димитар Главчев, премиер на Бугарија.

До 09 часот (08 македонско време) излезноста на изборите е 1%.