Бошњаците го слават 28-ми септември – нераскинлив дел од мултиетничка Македонија

Денеска е 28-ми септември, посебен ден за Бошњаците.

Се вчитува...

Со измена на законот за празниците на Македонија, направена на 8 февруари 2007 година, 28. Септември е прогласен за Меѓународен ден на Бошњаците, како празник на оваа заедница во Македонија.

Тоа е денот кога претставниците на Бошњачкиот народ на вториот бошњачки сабор во Сараево го вратија своето национално име Бошњак, насилно одземено или избришано претходно во историските текови.

Во живо во вестите на ТВ21 се вклучи и Џеват Хот, претседател на Бошњачкиот национален совет во Македонија.

.

Извор: ТВ21