5-годишната Медина, 3-годишната Алеа и 6-месечниот Ајан, останаа на улица откако сопственикот на станот во кој престојувале, им рекол да го напуштат. Немале друго решение освен да дојдат во просториите на ТВ21 и да побараат помош. Медина беше боса, а Алеа гладна и бараше храна. Еден од колегите, кој сакаше да остане анонимен им донесе да јадат. Семејството Јакаи пред 10 години се иселило во Косово. Един Јакај се омажил за државјанка на Косово. Сега пред два месеци повторно се вратиле во Македонија, бидејќи во соседната земја имале статус на азиланти. Ниту во Косово, а ниту пак во Македонија немаат свое земјиште или место каде да се сместат.
-Ни дозволи да престојуваме таму бесплатно, заради децата. Но, еве сега мора да ја напуштиме куќата. Рече дека ќе му дојдат кираџии од Албанија и дека мораме да заминеме. Немам што да правам. Останавме на улица. Ни ваму, ни таму. Работам, одам на пазар колку да заработам нешто“, вели Един Јакаи.
Сопругата на Един, Фитие, има само косовски документи, па поради тоа не може да добие социјална помош. Нејзината ќерка, Медина страда од ретка болест на крвта.
-Останавме на улица. Многу е тешко со три деца да останеш на улица. Ужас. Особено со девојчето кое може да добие внатрешно крвавење, навистина е ризично. Момчето пак има само 6 месеци, а другото девојче 3 години, сѐ уште е мала. Размислував да најдеме стан до 100 евра, сопругот работи може да го плаќаме. Но, ниту тоа не успеавме. На улица бевме до 2 по полноќ, а потоа една пријателка дојде и со нејзиниот сопруг нѐ зема таа ноќ“, вели Фитие.
Контактиравме и со Центарот за труд и социјална политика, но од таму ни рекоа дека семејството не може да се смести во прифатните центри, сѐ додека мајката на децата не поседува македонски документи. Но, додека Фетие Сејдиу не го реши проблемот со документацијата, трите деца ќе продолжат да талкаат низ улиците и да бараат некој да им излезе пресрет и да им понуди кров над глава.
