Боске удри по Цеца, таа жестоко му врати: „Кога си ти толку добар продуцент зошто од ќерка ти не направи ѕвезда“

20-годишната Сања Савиќ во саботата ги испеа песните „Dve muzike“ и „Oproštajna večera“, а потоа дојде до конфликт помеѓу Цеца Ражнатовиќ и Драган Стојковиќ Босанац.

Цеца одби да биде во трка за ментор на Сања заедно со Бекутa, Босaнец, Вики и продукцијата.

„Таа беше одлична за мене. Особено првата песна, во втората немаше Бог знае што да пее“ – рече Босанец и со тоа ја чепна Цеца која ја пее оваа песна во оригиналот како и Мили, нејзиниот творец.

„Нека си ти рекол дека нема тука што да се пее“ – му замери Ражнатовиќ, а и Мили негодуваше, објаснувајќи дека има височини во песната кои тешко се пеат.

Босанецот продолжи да „удира“, но врз другите членови:

„На пример, Марија е пејачка, а Цеца е само популарна пејачка“ – додаде продуцентот, што ја налути Ражнатовиќ.

„Па, кога си ти толку добар продуцент што не ја направи ќерка ти ѕвезда? – го праша таа.

„Ќерка ми немаше соодветен спонзор и моментално завршува факултет“ – објасни Драган.