Бозовце се празни – очите на младите вперени кон Европа

Селото Бозовце е во срцето на Шар Планина а се наоѓа на околу 18.5 км западно од Полог. Од 165 куќи колку што брои селото, во само 26 живеат семејства. Сите останати се празни. Недостигот од основни услови за живот ги принудува жителите да го напуштаат селото.

И тие што се останати, размислуваат да си заминат, единствениот спас го гледаат во Европа.

Жителите апелираат до државата да обрне внимание и на ова село, да направат нешто за тие малку жители што се останати да не си заминат, бидејќи секое поколение го следи претходното и за околу 10 години селото ќе остане празно.

Иако е оставено во заборав, Бозовце важи за туристичко место, со прекрасна природа, чист воздух и вода.

Извор: ТВ21