Балкан

Браќата избоделе познаник на роденден во Добој, се здобил со тешки повреди

Браќата избоделе познаник на роденден во Добој, се здобил со тешки повреди

Садмир Џ. (44) во тепачка со браќата Ибра О.(38) од Добој и Шефика Ш. (43) кој има американско државјанство.

Овој немил настан се случил на 13 јануари во доцните часови за време на роденденска прослава во кафеана, а како што неофицијално се дознава, Садмир на браќата им рекол нешто што ги налутило и настанала расправија и тепачка. При пресметката еден од браќата извадил нож и го прободел Садмир Џ, тоа независно го потврдија и „Независне новине“.

Полициската управа Добој соопшти дека во неделата околу три часот го привеле И.О. од Добој и Ш.Ш. американски државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда.

Имено, во Полициската станица Добој 1 на 13.01.2024 година околу 23.10 часот било пријавено дека во угостителски објект во Добој настанала физичка пресметка помеѓу горенаведените лица и лицето С.Џ. од подрачјето на градот Добој, каде што С.Џ. се здобил со тешки телесни повреди, како последица од употреба на ладно оружје.

„Повредениот е задржан на лекување во болницата „Свети Апостол Лука“ во Добој“, соопштија од Полициската управа Добој.

По комплетирање и документирање на случајот, до Окружното јавно обвинителство Добој ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело против наведените лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни