Протестните акции може да создадат проблеми не само за локалното население, туку и за нашите сонародници кои планираат да ги прослават своите празници во Обединетото Кралство или од таму да се вратат во Македонија кај своите семејства.
Граѓаните да внимаваат на евентуални доцнења или откажувања на летови и фериботи. Можни се потешкотии за Македонците кои патуваат до и од Велика Британија поради штрајкот на граничарите во периодот од 23 до 26 декември до 28 до 31 декември.
На луѓето кои планираат патување до и од ОК им се советува да внимаваат на нивните превозници за можни доцнења или откажувања на летови и фериботи или да не патуваат ако немаат начин да реагираат во итен случај.
Се очекува штрајкот најмногу да влијае на пасошката контрола на лондонските аеродроми Хитроу и Гетвик, како и на аеродромите во Манчестер, Глазгов, Кардиф и Бирмингем.
Се очекува да бидат погодени и британските пристаништа, како и јавниот и железничкиот транспорт во истиот период, дополнително прецизираат од нашата дипломатска мисија во Лондон.