Брат и сестра од Славонија се најдоа после 30 години – ги спои напис во весник

Напис во весник ги собра одамна изгубените брат и сестра.

Во 2014 година, 43-годишната Силвија Радановиќ се обратила до редакцијата на Глас Славоније за да го најде најмладиот од тројцата браќа, Милан, кој бил посвоен како мало момче. И успеала да го најде после повеќе од 30 години.

На 16 октомври добила порака на Фејсбук: „Здраво, тука е твојот брат Милан“.

Таа дознала дека Милан е даден на посвојување и дека тој израснал со друго име и презиме. Посвоителите го викале Ален и со него се преселиле во Германија.

“Никогаш не ми криеја дека сум посвоен. Кога наполнив 18 години, дојдов во Центарот за социјални работи во Ѓаково, но не можев да стапам во контакт со моето биолошко семејство. Мојата најголема желба беше да ја видам сестра ми Силвија, која штотуку ја запознав, неодамна на речиси неверојатен начин дознав дека ме бара“, изјави Милан.

По смртта на таткото, во 1988 година, грижата за петте деца ја преземаат државни институции. Силвија тогаш имаше десет години, а Милан беше бебе од само неколку месеци. Силвија и постариот брат Далибор завршиле во згрижувачко семејство кај Ѓаково, а Милан бил однесен кај баба му во Суботички Луг. Кога бил посвоен, имал две години.

Кога годинава почина неговиот татко, посвоител, Милан меѓу неговите работите пронашол напис од Глас Славоније, преку кој го барала неговата сестра. Кога дошол во Хрватска, на својата роднина и покажал напис во весник, кој потоа многу брзо ја нашол Силвија и ѝ кажал дека нејзиниот брат е во Хрватска. Милан зборува се најдобро за своите посвоители.

„Немаа тајни пред мене, не ме лажеа, секогаш се водеа така што ме штитеа и обезбедуваа најважното нешто, љубовта и домот“, нагласува Милан, кој ја посетил својата сестра во нејзиниот дом во Паланчане.