На светов не постои друга напивка која повеќе потсетува на Бразил од кашаса (cachaça).
Се работи за една од главните состојки во еден од најпопуларните коктели во земјата – „Кајпириња“ којшто содржи шеќер, цитрус и многу мраз.
Имено, по корона пандемијата и затворените граници, производителите се надеваат дека токму сега ќе има зголемување на нарачките во странство, со цел да си ги надоместат загубите.
Маркетинг-менаџерот во компанијата „Милер де Бебидас“, Лучијано Сади вели дека отсекогаш било предизвик да се објасни концептот на кашасата на странскиот пазар.
Но што точно е кашаса? Се работи за пијалак со високо ниво алкохол којшто е дестилиран од сок од шеќерна трска.
Ова, како што велат Бразилците, го разликува од румот, кој обично се прави од остаток од преработката на шеќерна трска во шеќер.
Се верува дека кашасата, која може да се најде само во Бразил, првпат била дестилирана во 1516 година, што значи дека му претходела и на румот и на текилата.
Таа исто така, се смета за трет најпроизведуван вид алкохол во светот, по вотката и кинеската бела ракија „Баиџу“, а земјата произведува околу 800 милиони литри кашаса годишно, но само околу еден отсто се извезува во странство.
