Бред Пит потпиша договор со компанијата „Де’Лонги“

Оскаровецот и еден од најпознатите актери Бред Пит потпиша договор со италијанскиот производител на кафе и апарати за домаќинство, „Де’Лонги“.

Компанијата го најми Пит како нов претставник, односно „амбасадор“ на брендот.

„Нашата група доживеа извонреден деловен бум во последниве години, и во таа експанзија, сегментот на еспресо машини за домаќинства ја презеде средишната улога“, вели извршниот директор на компанијата, Масимо Гараваља.

Акциите на „Де’Лонги“ пораснаа за 1,9 отсто на берзата во Милано кусо по објавувањето и сега изнесуваат 39,48 евра. Италијанската компанија објави дека почнале со меѓународна кампања за својот бренд за кафе, со видеоспот во режија на филмскиот режисер на „Ла-Ла Ленд“, Демијен Шазел, со Пит во главна улога.

Кинематографот Лајнус Сандгрен е задолжен за уметничкиот изглед на кампањата. Музиката ја напиша Џастин Хурвиц, познат по долгогодишната соработка со Шазел. Сите тие се „оскаровци“.