Балкан

Бремените жени, родилките и персоналот се евакуирани поради пожар во болницата во Димитровград во Бугарија

Бремените жени, родилките и персоналот се евакуирани поради пожар во болницата во Димитровград во Бугарија

Родилки и персонал се евакуирани при пожар во Акушерско-гинеколошкото одделение на болницата Димитровград во Бугарија соопшти раководителот на Подрачната служба „Противпожарна безбедност и заштита на населението“ Иван Патчов.

Инцидентот бил пријавен синоќа во 23 часот и 19 минути.

„Изолацијата на каблите на броилата за струја се запали во електричната табла во еден од ходниците на одделението, што предизвика чад“, објасни Патчов. На местото на настанот се испратени две екипи од пожарникари.

Изведени се две трудници, две родилки со новороденчињата и персоналот на одделението. Немаше повредени.

Пожарникарите ги проветриле просториите и останале на лице место до санирање на штетата од страна на техничари на претпријатието за снабдување со електрична енергија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни