Брисел ја забрзува политиката на проширување на Европската унија под влијание на геополитичките предизвици. На самитот на ЕУ и Западен Балкан на 17 декември, Црна Гора и Албанија ја искористија шансата за напредок, додека Србија, според одлуката на претседателот Александар Вучиќ, нема да учествува.
Црна Гора веќе затвори пет преговарачки поглавја и се очекува да ги заврши преговорите до 2026 година, а Албанија една година подоцна. ЕУ нагласува дека напредокот се оценува според постигнувањата и реформите, особено во борбата против корупцијата и зајакнување на владеењето на правото.
Македонија и понатаму е на страна, бидејќи не ги спровела уставните измени поврзани со отворање на преговарачките поглавја. Владата на Христијан Мицкоски бара исполнување на условите за признавање на македонскиот идентитет и јазик и исполнување на пресудите од Стразбур.
Европската комисија истакнува дека проширувањето е процес базиран на заслуги, при што секоја земја-кандидат се приклучува кога ги исполнува критериумите од Договорот за ЕУ.
