Британец го оставил своето наследството на вработени во познат хотел во Турција

Британецот Чарли Џорџ Кортни им оставил значителен дел од своето наследство на вработените во познат хотел во турското одморалиште Кушадаси, каде што го поминувал летниот одмор, пишува „Хуриет дејли њуз“.

Британецот во хотелот „Ташкен Даштан“ престојувал од 1990 година, и таму бил вкупно 52 пати.

Тој починал пред седум години, непосредно по последниот одмор, а неколку дена пред да почине, се погрижил за тестаментот, според кој дел од наследството оди кај вработените во хотелот.

Некои членови на семејството ја оспорија неговата последна желба, а други ја поддржаа. На крајот, неговиот внук, кон крајот на август оваа година, пристигна во Турција да ја изврши волјата на неговиот покоен чичко.

Вработените биле трогнати од потегот на Чарли, а тој бил познат меѓу нив и како „нашиот Чарли“. Собата бр. 401, каде што тој секогаш престојувал, e наречена по него – „Соба на Чарли“, од страна на управата на хотелот.

Еден од вработените во хотелот вели дека ќе го искористи својот дел за образованието на своите деца.