Британското Министерство за образование денеска соопшти дека наредило делумно или целосно затворање на повеќе од 150 училишта поради опасност од уривање на згради.
Постои ризик од колапс поради фактот што за изградбата на зградите е користен автоклавиран гас бетон (RAAC), пренесува Sky News.
„Неодамнешните случаи на колапс ја поткопаа нашата доверба дека училиштата RAAC се безбедни“, се вели во соопштението на британското Министерство.
Експертот за градежни материјали Ворен Томас предупреди дека голем број училишта се загрозени, покрај оние наредени да се затворат.
На прашањето зошто RAAC се користи во изградбата на училишта, Томас рече дека тоа е евтин градежен материјал.
„Тоа беше само поевтин тип на градба“, рече тој.
Еден од родителите изјави за Sky News дека биле предупредени дека овој проблем би можел да трае до 2025 година и дека можеби ќе треба да се смени локацијата на училиштето во кое посетува неговото дете.
Тој изјави дека родителите биле информирани по е-пошта 48 часа пред да биде пронајден RAAC во некои делови од училишната зграда.
