Свет

Британскиот премиер со најмалку доверба досега

Британскиот премиер со најмалку доверба досега

Новата анкета за ставовите кон британскиот премиер покажува дека довербата во Лиз Трас е на рекордно ниско ниво, објави YouGov.

Анкетата го испитува одобрението од граѓаните за премиерот.

Излегува дека само десет проценти од Британците имаат позитивно мислење за неа.

Осумдесет проценти не ги одобруваат постапките на премиерот. Ова е најниско вакво ниво откако се спроведени студии од овој тип.

Лиз Трас се обиде да воведе пониски даноци во земјата. Но, тоа беше негативно прифатено од мнозинството граѓани.

Таа вети дека ќе ја промени својата економска програма. Се чекаат детали за новиот план.

Лидерот на опозицијата Кир Стармер е државникот со најпозитивна поддршка во земјава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни