Breaking Најмалку 39 загинати во судирот на возови во Шпанија, два вагона паднале во насип
Свет

Британско Министерство за одбрана: Окупациските власти во Украина подготвуваат референдуми за приклучување кон Русија

Британско Министерство за одбрана: Окупациските власти во Украина подготвуваат референдуми за приклучување кон Русија
Британското Министерство за одбрана денеска објави проценка дека властите инсталирани од Русија на окупираните територии на југот на Украина веројатно се подготвуваат годинава да одржат референдуми за приклучување кон Русија, јавува Радио Слободна Европа.
Во својот дневен билтен на Твитер, Министерството соопшти дека „окупациските власти во Украина“ се под зголемен притисок од Москва да ја зацврстат контролата.

„Локалните власти веројатно го принудуваат населението да дава лични податоци за да ги состави избирачките списоци“, наведува Министерството.

Се додава дека Русија во моментов смета дека окупираните територии во Украина се под привремена „цивилно-воена администрација“.

Минатиот месец, воената администрација инсталирана од Москва во областа околу окупираниот град Херсон соопшти дека се подготвува да одржи референдум за приклучување кон Русија.

Херсон, пристаниште на Црното Море, е целосно под руска контрола од почетокот на март.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни