Свет

Британското разузнавање: Русија е насочена кон моралот на украинскиот народ

Русија го зголеми бројот на цели меѓу цивилната инфраструктура во обид да го поткопа моралот на Украина – народот и владата.

Британското воено разузнавање го става овој акцент во секојдневното резиме за војната во Украина .

Од 24 февруари 2022 година, Русија истрела неколку илјади проектили со долг дострел против Украина. Но, во текот на изминатите седум дена, Русија го зголеми бројот на цели меѓу цивилната инфраструктура , дури и кога не гледа моментални воени резултати.

Оваа категорија цели вклучуваше удари врз електричната мрежа и брана на реката Ингулет во Криви Рих.

Соочена со неуспеси на линијата на фронтот, Русија најверојатно ги прошири областите на кои е подготвена да нападне во обид да го поткопа моралот на украинскиот народ и влада.

Ова го потврдуваат информациите кои доаѓаат од Украина.

Синоќа Русија изврши три удари во областа Никопол – со „Град“ и тешка артилерија , објави шефот на воената управа на регионот Дњепропетровск, Валентин Резниченко.

Според него, самиот Никопол бил гранатиран двапати. Како резултат на тоа се повредени три лица: 49-годишна жена и двајца мажи на возраст од 26 и 82 години.

Во градот оштетени се неколку десетици висококатници и приватни куќи, автомобили, неколку домаќинства, плински и електрични водови. Во еден од маркетите избувнал пожар.

Тој пријавил дека под оган биле и градинка, неколку продавници, фризерски салон и зградата на локалната управа.

Погоден е и центарот на Крематорск. Во оваа фаза нема информации за штети и жртви.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни