Бритиш ервејс ќе прекине околу 10.000 летови до блиските дестинации од аеродромот Хитроу помеѓу крајот на октомври и март, објави БНР.
Овој потег на британскиот авиопревозник има за цел да го минимизира прекинот на летовите во текот на зимскиот период. Ќе бидат погодени и некои патувања до далечни дестинации.
Најголем дел од откажаните летови се на релации до кои има повеќе од една услуга дневно, па од компанијата сметаат дека одлуката ќе предизвика минимални непријатности кај патниците. Од компанијата додаваат дека до крајот на октомври ќе се скратат помалку од 10 летови дневно или вкупно 629.
Овие ограничувања на аеродромот Хитроу, кој е главната база на Бритиш Ервејс, главно се должат на недостигот на персонал.
Аеродромите и авиокомпаниите, кои ги намалија работните места за време на пандемијата, сега се борат да регрутираат нови работници во услови на обновен интерес за патувања во странство.