Бритни Спирс обвинета за физички напад врз вработена

Поп ѕвездата Бритни Спирс е осомничена за физички напад на вработена во својот дом.

Таа е под истрага од полицијата во Округот Вентура, а нејзиниот прв коментар е дека инцидентот е „напумпан“.

„Во понеделникот, околу 10:25 часот, имаше спор меѓу г-ѓа Спирс и еден од нејзини вработени, во домот на г-ѓа Спирс. Член на персоналот пријави дека за време на спорот, г-ѓа Спирс ја удрила (вработената). При настанот нема повредени. Полицијата реагираше во домот на г-ѓа Спирс и спроведе истрага. На крајот, извештаите ќе бидат проследени до Канцеларијата на окружниот обвинител во Округот Вентура за да се разгледаат. Инцидентот е класифициран како едноставен прекршок“, соопштија властите.

Пејачката во моментов се бори и за судско ослободување од посебниот надзор на татко ѝ, со рочиште закажано за крајот на идниот месец.

Извор близок до Спирс ја оцени состојбата како медиумска „напумпана таблоидна приказна“.