Познатата пејачка Бритни Спирс покрена тужба со цел да го лиши нејзиниот татко од спорното старателство.
Имено, истото него му дава контрола над нејзините финансии, а во судските документи се вели дека Спирс бара тој да биде заменет со независен сметководител.
Метју Розенгарт, сегашниот адвокат на Спирс, минатата недела истакна дека презел агресивна и брза акција за отстранување од посебниот надзор на Џејмс Спирс, пренесува БТА.
Инаку, сега е поднесена и тужба пред судот во Лос Анџелес за назначување на сметководителот Џејсон Рубин за главен финансиски управител на поп-ѕвездата. Имотот вреди 60 милиони долари.
Отстранувањето на таткото на Бритни, Џејми Спирс го бараат и обожавателите, кои организираа и кампања за нејзина поддршка под наслов „Слобода за Бритни“.
Новиот адвокат на пејачката вели дека таа е во можност да бира кој ќе ја застапува и да назначи кој ќе управува со нејзината состојба, но сепак адвокатот на Џејмс Спирс порача дека нема да има доброволно повлекување од старателството.
Претходното барање беше одбиено од судијката во случајот, Бренда Пени, додека новото рочиште за двата предлози поднесени од новиот адвокат на Спирс сега е закажано за 29 септември.
