Бритни Спирс тврди дека татко и се обидува да добие два милиони долари од неа

Познатата ѕвезда Бритни Спирс тврди дека нејзиниот татко, Џејмс Спирс се обидува да добие два милиони долари од неа, пред да се повлече од посебниот надзор над неа.

Бритни го потврдила ова во новите правни документи, пишува „Мирор“.

Во документите Бритни Спирс посочува дека нејзиниот татко претходно признал дека за него би било најдобро да се повлече како нејзин старател и дека „тој само сакал пари од неа“.

Наводно, на Џејмс му требаат средства за да ги плати своите адвокати и поранешни деловни соработници.

Сепак, адвокатот Метју Розенгарт не сака да попушти пред барањата на Џејмс.

„Таткото на Бритни Спирс не може да изнуди ништо. Тој нема право да поставува услови за отстранување од старателската позиција. Требаше веќе да поднесе оставка. Тоа би било учтиво и правилно… Ќе побараме суспензија доколку Џејми не поднесе оставка од позицијата старател до крајот на септември, кога е закажано судењето во Лос Анџелес“, изјави тој.

Инаку, таткото на Бритни неодамна се согласи да се повлече како надгледувач, а поотоа изјавуваше дека пејачката е „спасена од катастрофа“ со неговото старателство и дека јавноста треба да го пофали, а не да го оцрнува, доколку знае за нејзината зависност и психички здравствени проблеми.