Остануваме разочарани што ЕУ земјите членки не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија на вчерашниот состанок, но нема сомнеж дека државата ги исполни неопходните задачи за отворање на пристапните преговори со ЕУ и тоа е чекор што веруваме дека ќе ја зголеми рагионалната стабилност и ќе ги подобри политичката и економска активност, порача денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, на првиот Скопски економски форум.
САД ќе бидат со Северна Македонија на секој чекор од ова патување, бидејќи тоа е од интерес за нашите заеднички стратешки цели, нагласи Брнз.
– Северна Македонија ги надмина политичката нестабилност и презема важни демократски реформи. Стана стабилен партнер за безбедноста и напредокот на целиот регоон и покажа дека е подготвена да ги заврши тешките задачи неопходни за остварување на стратешките цели. Потпишувањето на Договорот од Преспа, членството во НАТО и отворањето на патот кон ЕУ се само дел од позначајните успеси и сега е време за инвестициите и трговијата да почнат да носат економски бенефит од овие политички победи. Време е за економскиот раст да се зголеми – истакна Брнз.