Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2026 година е намален за 2,8% во споредба со истиот период минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците, само во август годинава, во однос на август 2025 година, регистрирано е намалување на бројот на индустриските работници за 3,0%.
По сектори, најголем пад е забележан во секторот Рударство и вадење на камен, каде што бројот на работниците се намалил за 8,0%. Во Преработувачката индустрија е евидентирано намалување од 2,8%, додека единствено во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има благ раст од 0,7%.
Пад на бројот на вработените е забележан кај сите главни индустриски групи:
- Нетрајни производи за широка потрошувачка: -4,4%
- Интермедијарни производи (освен енергија): -3,0%
- Енергија: -2,3%
- Капитални производи: -2,3%
- Трајни производи за широка потрошувачка: -2,1%