Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега заловила 96 говеда во Крива Паланка, во рамки на активностите за решавање на долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на животните.
Од Агенцијата информираат дека акцијата се одвива во отежнати услови, пред сè поради непристапниот терен, но и поради опструкции од поранешните сопственици на говедата.
Надлежните работат на изнаоѓање трајно и одржливо решение во соработка со локалната самоуправа и останатите институции, при што секоја од нив треба да постапува во рамки на своите законски надлежности.
Од АХВ нагласуваат дека при спроведувањето на активностите приоритет остануваат заштитата на здравјето и безбедноста на граѓаните, како и благосостојбата на животните.