Свет

Бројот на загинати во Мауи се искачи на 96 по разорните шумски пожари, се стравува дека билансот не е конечен

Бројот на загинати во Мауи се искачи на 96 по разорните шумски пожари, се стравува дека билансот не е конечен

Бројот на загинати во разорните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи се искачи на 96, потврдија локалните власти.

Според извештаите, тој број ќе продолжи да расте, бидејќи се уште има исчезнати лица, објави Си-Ен-Ен.

Се додава дека во западен Мауи, спасувачките тимови со кучиња сè уште ја чешлаат пепелта на поранешните домови, кои беа збришани од најсмртоносниот пожар во САД во повеќе од 100 години.

Официјални лица од округот Мауи забележуваат дека идентификувањето на жртвите воопшто не е лесно, а на пример, во саботата, од десетици мртви тела пронајдени низ областа зафатена од пожарот, идентификувани се само две лица.
„Треба да направиме брз ДНК тест за да ги идентификуваме сите“, рече во саботата началникот на полицијата на островот, Џон Пелетиер.

Тој ги повика сите оние чии членови на семејствата исчезнале да контактираат со надлежните во врска со проверката на ДНК тестот.

„За време на шумските пожари, приближно 2.200 објекти беа уништени или оштетени во Западен Мауи, каде историскиот град Лахаина беше силно погоден“, рече гувернерот Џош Грин.

Тој додаде дека околу 86 отсто од овие објекти се станбени. Борбата продолжува за сместување на раселените жители и туристи.

Од петокот вечерта, вкупно 1.418 луѓе беа во засолништа за итна евакуација, а тимовите работат на сместување на раселените жители на Лахаина во привремени домови, со повеќе од 500 хотелски соби веќе обезбедени со помош на владини субвенции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни